Оливер Андонов контра Заев: Ниту сум повел, ниту сум изгубил судски спор

Од:

Поранешниот в.д.директор на ЈП УЗПП Јасен, Оливер Андонов демантира изјава дадена од премиерот Зоран Заев.

Со цел коректно, вистинито и навремено информирање на јавноста Ви го испраќам мојот ДЕМАНТ на изјавата дадена од господинот Зоран Заев на ден 12.09.2017 година во емисијата „Отворено со…“ емитувана на Телевизија 24 Вести.

Имено, во наведената емисија, во врска со поставеното прашање за незаконското разрешување од страна на владата на СДС на поголем број функционери или директори на институции и јавни претпријатија кои се случија во последниот период, а особено по распишувањето на локалните избори, господинот Заев изјави дека „…Директорот на Јасен го изгуби спорот пред суд, тој беше меѓу првите, тужеше и го изгуби спорот пред суд . . .“ и согласно тоа се потврдило дека владата на СДС работела правилно, односно не направила прекршување на законите во врска со смената на функционерите и раководителите.

Со целосниот мој личен и професионален кредибилитет под целосна материјална и кривична одговорност, а особено морална пред граѓаните на Република Македонија, ТВРДАМ ДЕКА ДО ДЕНЕС, јас како поранешен в.д.Директор на ЈП УЗПП Јасен немам поведено ниту водено никаква судска постапка против ЈП УЗПП Јасен или пак владата на Република Македонија како основач на Јасен, а не пак некаков судски спор кој наведно според него сум го изгубил. Едноставно кажано, неможе да се изгуби судски спор кој не е ниту поведен.

На мислење сум дека господинот Заев, со цел да ги оправда противзаконитите дејствија на владата на СДС во однос на смените кои ги изврши во институциите и Јавните претпријатија, го зема директорот на ЈП Јасен како пример за наводно законско работење на неговата влада во однос на видливите противзаконски разрешувања и еклатантно кршење на законите, статутите и деловниците за работа во институциите и јавните претпријатија.

Јас му препорачувам на господинот Заев пред да излезе во јавноста и пристапи кон обид за јавна манипулација на граѓаните преку кажувања невистини, побара од службите кои му стојат на располагање (партиски на СДС или владини) појаснување за тоа што е судска постапка, а што приговор до Комисијата за спречување на корупцијата и како и врз основ на што самата Комисија одлучува, а како се одлучува во судска постапка.

Не доликува да господинот Заев од позицијата од која настапува во јавноста и преку која се обидува да се идентификува и покаже „авторитет“ не им ја кажува вистината на граѓаните, туку при своите јавни настапи да покажува основно непознавање од областа на правната и административната и управна постапка и да притоа се служи со очигледни невистини, манипулации и дезинформации кон граѓаните.

Очекувам господинот Заев јавно да се извини на Македонските граѓани затоа што ги манипулира и дезинформира и воедно им појасни од кои причини тоа го прави (од неукост, немање административен капацитет или тенденциозно од лични или политички причини).

Со почит,
Доцент д-р Оливер Андонов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Повторно активиран еден крак од пожарот на Јасен

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on