Русија трет полуфиналист на Европското кошаркарско првенство

Од:

Репрезентацијата на Русија е третата која обезбеди пласман во полуфиналето на Европското кошаркарско првенство чија завршница се игра во Истанбул.

Во првиот денешен натпревар од четвртфиналето Русија ја победи селекцијата на Грција со 74-69 со што се избори за место меѓу четирите најдобри на првенството.

Најефикасен во победничката репрезентација беше Алексеј Швед кој постигна 26, додека Тимофеј Мозгов средбата ја заврши со 17 поени.

Кој ќе биде противник на Русија во полуфиналето закажано за в петок (20:30 часот) ќе се знае вечерва по одигрувањето на последниот четвртфинален меч меѓу Србија и Италија.

Потсетување дека во првото полуфинале кое на програмата е утревечер (20:30 часот) ќе играат актуелниот шампион Шпанија и Словенија, селекции кои досега немаат пораз на првенството.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга