Братче !
Знаеш дека јас сум член на СДСМ а јас знам дека си ти член на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа не е нешто страшно. Секој има право во демократско општество да биде член на која сака политичка партија.
Меѓутоа после случувањата пред Собранието на кои што и јас присуствував сакам да ти кажам што се се случуваше таму . Ме знаеш доволно добро и знаеш дека сум мирен човек. На протестите стоев како и сите други и не мирен начин сакав да го изразам својот револт против противуставниот начин на донесување на буџетот.
Долета камен од групата во која што беа членовите на ВМРО- ДПМНЕ и ме удри по грб. Беше болно меѓутоа се издржува и болка кога се брани уставот и државата. Во моментот кога се слушна дека како партали биле исфрлени пратениците од СДСМ, нашата група тргна. Одеднаш од нигде никаде видов сенка пред мене и почуствував удар по грбот и по левата рака. Гледам полицаец во маскирна униформа мава ли мава по сите околу мене. Тоа траеше неколку секунди . После неколку минути се заврши и ние се вративме на истото мсто на кое што стоевме .
Сакам да те прашам јавно. Ти со твојот глас и даде ли легитимитет на оваа власт да мава по мене?
Сакам да ги прашам и сите мои роднини и пријатели членови на ВМРО-ДПМНЕ. Вие со вашиот глас и дадовте ли легитимитет на оваа власт да мава по сопствениот народ. По Вашите роднини и пријатели?.
Сакам да ги прашам членовите на ВМРО- ДПМНЕ кои беа на истите протести од другата страна дојдени принудно или по своја воља. За тоа ли дојдовте на протестите. Да фрлате со камења по своите браќа, сестри,пријатели и роднини?
Сакам да ги прашам припадниците на полицијата. Толку ли е битна платата та да мавате по своите браќа, сестри,пријатели и роднини.
Луѓе ! Размислете! Браните власт која што Ве користи само за своите интереси. Утре ќе се срамите од своите постапки. Тие ќе Ве искористат сега и знаете и самите дека кога ќе ја изгубат власта ќе му забегаат некаде по државите. Ние ќе останиме овде и пак треба да се видиме на улица, на имендени, слави и Нови години.
Братче знајш дека безцелно не одбрав ваков начин да ти се обратам. Членувањето во партија е за остварување на некои наши ситни интереси. Некој за некоја мизерна работичка, некој за повисока позиција и плата, некој за субвенции, некој за пензија, некој за социјална помош, положен испит или поправена отцена. Меѓутоа со ваков начин на практицирање на власт ни отиде јабана државата. А потоа ништо нема да биде битно.
Јас и понатаму со мирни протести ќе го изразувам својот револт против оваа ненародна власт.Мене ,мојата слобода и слободата на нашите деца не можат да ми ја купат. За неа ке се борам секогаш и против секого. А ти? Ти размисли. Не дозволувај да не свртат брат против брат.
Ѕвонко Црвенкоски