Хуманитарна помош за општата болница во Кочани

Од:

Општата болница во Кочани доби донација од хуманитарната организација „HIKODE“ од Австрија. Донацијата е реализирана преку здружението на граѓани „Бранител“ од Кочани и Миле Коцев, Македонец кој работи во Австрија.

– Донацијата се состои од кревети, душеци, ќебиња, ендоскоп, инвалидски колички, комоди за туширање на инвалиди, ракавици, памперси, лекови и друга медицинска опрема неопходна на болницата. Сакам да ја искажам голема благодарност до „Бранител“ од Кочани, до Миле Коцев како и до членовите на хуманитарната организација од Австрија за донацијата. Сето она што го донираа ќе биде искористено до максимум, изјави за МИА Борка Панова, директор на Општа болница од Кочани.

Шлеперот со донацијата чија вредност надминува 10.000 евра е инаку 53-ти кој е дониран во држави од Европа. Ваква помош наредниот месец преку оваа хуманитарна австриска организација ќе биде донирана во Делчево и Македонска Каменица.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош