Ѓорѓиевски: Спасовски го урна угледот на полицијата

Од:

„На предизборните ветувања на неспособните од СДС веќе никој не им верува. На министерот Спасовски веќе никој не му верува. Ветуваше професионализација на полицијата, а тој лично го урна угледот на полицијата, ја партизираше и ја уништи ефикасноста, претворајќи ја од сервис на граѓаните во сервис на Заев.

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од редовите на СДС, Филип Темелковски пред очите на цела јавност во својата SWOT анализа на страната на предности на неговата кампања за локални избори го стави Министерството за внатрешни работи и Буџетот на државата.

Полициската држава на Заев спроведена од Спасовски ќе биде ставена во целосна функција на СДС и преку притисоци и манипулации ќе се обидат да ја узурпираат волјата на граѓаните и да го намалат поразот на локалните избори. Покрај јавното признание дополнителни докази за сево ова се секојдневните неосновани пријави кои во паника и очај ги поднесуваат против кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС се плаши од катастрофалниот пораз на локалните избори кој целосно ќе ги делегитимира. СДС се плаши од резултатите на својата неспособност.

Спасовски на својата прес конференција за резултатите од работењето на МВР на одбележувањето на 100 дена влада не кажа ниту една успешна акција на полицијата против криминалот. Ниту една!

Тој и неговите неспособни партиски потрчковци не успееја да разрешат убиство во среде бел ден во еден од најголемите туристички центри во Македонија. Неспособната булумента на чело на МВР се уште не го пронајдоа сторителот кој ги осквернави гробиштата во Љуботен.

Граѓаните ќе го имаат последниот збор како и секогаш, граѓаните ќе го имаат последниот збор на 15-ти октомври кога со секој глас за ВМРО-ДПМНЕ и пораз на СДС ќе ги казнат за непроценливата штета која и ја направија на Македонија за само стотина дена“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он