Фудбалерот на Пари Сен жермен, Килијан Мбапе се најде на мета на еден домашен навивач на синоќешното гостување кај Селтик во Глазгов.
Инцидентот се случи пред крајот на првото полувреме кога насилникот втрча на теренот и се упати кон ѕвездата на ПСЖ, но беше спречен од лицата задолжени за обезбедување. Тој беше отстранет од стадионот и се очекува да добие доживотна забрана за присуство на натпреварите на Селтик.
Покрај тоа што го загуби натпреварот со 5:0, за инцидентот Селтик го очекува и казна од УЕФА.