ЕУ поддршка за подобрување на управувањето со отпад во источните и североисточните региони

Од:

Во Скопје денеска ќе се одржи завршна церемонија по повод проектот на ЕУ „Подготовка на проекти и тендерска документација за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во источните и североисточните региони“.

На настанот ќе се обратат шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, Јадранка Иванова шеф на одделението на ЕУ при Министерството за животна средина, Ана Каранфилова – Мазневска, шеф на Одделот за управување со отпад при Министерството и лидерот на проектот Антонис Мавропулос.

ЕУ обезбеди 975.000 евра за техничка поддршка за воспоставување интегриран и одржлив систем за управување со отпад во источните и североисточните региони. Главна цел на проектот е да се обезбедат предуслови за идни инвестиции на ЕУ во локалната и регионалната инфраструктура, неопходни за постигнување на еколошко управување со отпад.

Предвидените инвестиции од приближно 27 милиони евра ќе овозможат на 18 општини во источните и североисточните региони да ги модернизираат системите за управување со отпад, овозможувајќи подобрување на еколошката средина на 370.900 жители.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло