Децата, болните и бремените жени да не излегуваат од дома поради загадениот воздух, предупредува Град Скопје

Од:

Граѓаните да излегуваат надвор од домовите само ако мораат, да не ги проветруваат просториите во кои престојуваат и повеќе да користат јавен наместо сопствен превоз, додека малите деца, бремените жени, хроничните болни и постарите луѓе воопшто да не излегуваат ако е можно.

Ова се дел од препораките на Град Скопје поради загадениот воздух во котлината.

Град Скопје воедно апелира граѓаните да не користат уреди за затоплување и готвење на фосилни горива особено ако се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови, возачите на тешки товарни возила да ја  почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот, сопствениците и корисниците на камиони да не ги користат доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови, а раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, додека при превоз на материјалот од градежен ископ, да биде затворен со церада.

Се повикува и да се одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди, со кои се загадува воздухот во просториите, при затоплување на домовите, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси (отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали).

Воедно јавно се известуваат правните лица дека дозволите за дотур на роба издадени од Секторот за сообраќај на Град Скопје се менуваат и имаат важност по 18 часот, освен оние што снабдуваат со леб и непастеризирано млеко (краткотрајно млеко).

Стопанствениците да ги вршат технолошките процеси со крајна претпазливост и да одбегнуваат се што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот, како и да соработуваат со зајакнатиот инспекциски надзор од Дражавниот инспекторат за животна средина и Инспекторатот на Град Скопје.

– Градоначалникот ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки со што ќе дадат личен придонес за подобар квалитет на воздухот во градот, што е заедничка потреба и цел кон која сите заедно треба да се стремиме, стои во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска