Судот не го прифати барањето на одбраната на Љубе Бошкоски јавноста да пристуствува на испитувањето на заштитениот сведок. Судот ги одби и останатите барања, сведокот да се соочи директно со Љубе Бошкоски, кој тоа го бараше за да докаже дека овој сведок е лажен, а неговиот исказ нарачан од власта.
Токму адвокатите и Љубе Бошкоски на почетокот на процесот предупредија да не се повтори случајот „Кампања“ кога никој не знаеше дали заштитениот сведок е тој или човек од власта пуштен да глуми сведок во процесот.
Професорот од Правниот факултeт, Гордан Калајџиев, рече дека никаде во светот не постои пракса јавноста да не може да присуствува на сослушувањето на заштитениот сведок, а токму овој момент според адвокатите е пресуден за да се намести било кој случај.