Заменик министерот за образование Висар Ганиу даде оставка од функцијата, се кандидира за локалните избори

Од:

Шефот на изборниот штаб на Демократската унија за интеграција Бујар Османи и партискиот кандидат за градоначалник за Општина Чаир, Висар Ганиу денеска на плоштадот “Скендербег”, две недели пред почетокот на кампањата за локалните избори, информира дека за да се направи одвојување на партијата од државата, досегашниот заменик министер за образование, поднесе оставка на функцијата.

Вицепремиерот Османи изјави дека за да ги заврши полесно партиските обврски за изборите планира да земе годишен одмор. Во оовј период исклучок ќе бидат неопходните ангажмани во Секретаријатот за европски прашања.

Тој изјави дека овие избори се многу важни бијдеќи граѓаните ќе избираат преставници на локалната власт, кои во текот на следните четири години ќе се соочуваат со потребите и секојдневните предизвици на граѓаните и ќе ги решаваат прашањата што се приоритетни за нив.

– Овие избори се многу важни за ДУИ, затоа што локалната политичка застапеност е важна придобивка од процесот на децентрализација и е еден од темелите врз кои се заснова ДУИ. Овие избори се важни и за нашата земја бидејќи реализирањето на слободни и веродостојни избори е круна на Планот 3-6-9, со кој Република Македонија се враќа на евро-атланскиот пат. Тоа е важна точка на овој пат на кој ние треба да ја покажеме нашата зрелост како држава дека треба да обезбедиме услови за граѓаните да ја изразуваат својата политичка волја на независен начин. За оваа цел одвојувањето на партијата од државата е еден од најважните критериуми што се предвидуваат како обврска во Планот 3-6-9, принцип на кој му даваме големо значење, изјави шефот на изборниот штаб на ДУИ, Османи.

Кандидатот за градоначалник за Општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека принципот на одвојување од државата од партијата планира да го спроведува во целост и затоа уште денеска ќе поднесе оставка од функцијата заменик министер за образование и наука.

– Ја поздравувам можноста да бидам кандидат за градоначалник на Чаир. Тука се родив, тука пораснав, меѓу моите сограѓани. Чаир е мојот пат, моето маало, е целата моја општина, затоа е почит и предизвик за да си ја земам одговорноста за понатамошниот динамичен развој на Чаир. За нашиот поубав и модерен Чаир нема да престанам да работам и за време на кампањата ќе одам врата до врата, со цел да бидам нивниот глас за проектирање на развојите планови на општина Чаир. Со мојата екипа направивме скица за една визија како треба да изгледа Чаир по четири години и оценувам дека ќе се заокружи само низ контактите со луѓето. Граѓаните ќе бидаат тие кои ќе ги определуваат натамошните приоритети за општина Чаир, рече Ганиу.

На новинарско прашање дали планираат и во другите оштини да кандираат кадар како Ганиу, Османи рече дека овој принцип е етаблиран принцип на ДУИ.

– Уште во изборите од 2013 година, тогашните кандидати беа министри и дадоа оставка, овој е принцип кој го започнал ДУИ и го оддржува во конзистентност, денес го направивме овој чекор со најголемиот фаворит на овие избори, потенцира Османи.

На прашањето дали СДСМ ќа ја поддржи ДУИ во неколку општини, Османи рече дека сеуште не се финализирани разговорите помеѓу коалициските партнери.

-Ќе видиме според околностите, меѓутоа, има позитивни сигнали дека ќе се оди со заеднички кандидати уште во првиот круг.

Тој додаде дека постои позитивна клима помеѓу СДСМ и ДУИ за соработка за, како што рече, да ја вратиме земјата на евроатланскиот пат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски