Инстаграм ја тестира можноста корисниците истовремено да ги објавуваат своите објави и на оваа платформа и на Фејсбук.
Со оваа поблиска поврзаност на социјалните мрежи, се чини, Фејсбук сака популарноста на опцијата „Сторис“ да ја префрли и на својата главна платформа.
Некои корисници ја забележаа веќе опцијата за објавите на инстаграм да се префрлат и на Фејсбук. Инстаграм ги потврди тие наводи, без натамошни подробности.
– Секогаш тестираме разни начини за помош, со кои би го подобриле впечатокот од Инстаграм, и коишто ќе Ви го олеснат споделувањето на секој момент со луѓето кои Ви значат, соопштуваат од Инстаграм.