Граѓански здруженија бараат итни чекори за подобрување на состојбата со животната средина

Од:

Повеќе граѓански иницијативи и здруженија денеска побараа од Владата на РМ итни чекори за подобрување на состојбата со животната средина во РМ со акцент на загадениот воздух и почва.
Со оглед на хронично алармантно висока загаденост на воздухот во Република Македонија, здруженијата бараат итни подобрувања на квалитетот на воздухот и на почвата, чие влијание е врзано за квалитетот на воздухот. Тие бараат целосно ревидирање на легислативата поврзана со животната средина, нејзино усогласување, елиминирање на спротивставени одредби во други закони и утврдување на потреби од суштински дополнувања, измени, воведување нова легислатива.

Како критични извори за загадување здруженијата ги наведоа Ремедијација на ОХИС – Скопје и Топилница Велес како најризични од 16 индустриски жешки точки и започнување продолжување на процесот кај останатите до комплетна санација. Усогласување на оперативниот план на РЕК Битола за А-ИСКЗ, филтри и затворен систем на отпрашување. Побараа дислокација на загадувачката индустрија надвор од населените места, минимум 10 километри вон границите. Дислокација на фирмите за отпад вон населените места. Раскинување на постојните договори за концесии и запирање на отворање на нови рудници за јаглен и металички минерални суровини. Забрана за рудници од површински коп и употреба на цијанид. Забрана за движење низ градските средини на сите мобилни извори кои загадуваат под ЕУРО 3 стандард, почнувајќи од Скопје, вклучително мобилната механизација во индустријата, градежништвото и сл.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари