Јаневски: Има простор за напредок

Од:

Вардар денеска ја оствари втората победа во првенството во третиот натпревар. Совладан беше тимот на Силекс со 3:1 во натпревар во кој што „црвено-црните“ водеа 3:0, а потоа кратовската екипа намали, па имаше и пенал, но Гачевски успеа да го одбрани.

Своите импресии после натпреварот ги искажа шефот на стручниот штаб на Вардар, Чедомир Јаневски.

– Денеска имавме ротиран тим кој што играше заедно само на тој натпревар со Локомотива, и тоа треба да се земе во предвид. Знам дека и покрај победата, има простор за напредок. После 3:0, наместо да продолжиме со нашата „пас“ игра, имавме неколку, така да кажам, тешки додавања и непотребни удари кон протвничкиот гол. Се разбира и резултатот го наложува тоа, но ќе работиме да ги отстраниме тие грешки, и затоа реков дека има простор за напредок. Не верувам дека играчите мислеа повеќе на Зенит, туку беа фокусирани само на овој натпревар, изјави за клупскиот сајт шефот на стручниот штаб Јаневски.

Тој потенцира дека на Вардар му претстои тежок период и борба на три фронта.

– Ние со стручниот штаб ќе работиме и ќе ротираме за да на некој начин ги распоредиме силите на играчите затоа што играме на три фронта, и плус секој месец даваме и многу репрезентативци. До сега мислевме на овој натпревар, го решивме во своја корист, а за настапите во Европа ќе се подготвуваме веќе од утре, рече Јаневски после дуелот против Силекс.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он