Стојаноски: СДСМ ќе ги повика граѓаните да гласаат против наводните станови за бегалците, бидејќи тие се измислица на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ Охрид и кандидат за градоначалник на престојните локални избори денеска на прес-конференција рече дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува со бесмислени теми во пресрет на локалните избори да создаваат страв помеѓу граѓаните бидејќи само тоа им преостанува од стравот дека правдата конечно ги стигнува.

– Креирање на лажни вести и сеење на страв помеѓу населението, се нивниот карактеристичен метод на владеење, кој имавме можност повеќе од една деценија да го гледаме и искусиме на сопствената кожа. ДПМНЕ граѓаните најпрво ги заплашуваше со албански платформи, двојазичност и слични небулози. Сега се обидуваат тоа да го прават со некакво населување на бегалци од Блискиот Исток во Република Македонија. Одат дотаму што тврдат дека Министерството за труд и социјална политика ќе градело станови за бегалците. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Како и многупати досега, така и сега, ВМРО-ДПМНЕ ги лаже сопствените граѓани, рече Стојаноски.

Тој рече дека во моментов на територијата на нашата држава ниту поминуваат бегалци, ниту некој ќе гради станови за сместување на бегалци.

– Станови ќе има за македонските граѓани кои се социјални случаи, а не за некакви измислени бегалци. Граѓаните се свесни дека овие смешни приказни доаѓаат од центарот за манипулации на ДПМНЕ. Граѓаните знаат и со свои очи гледаа како пред околу година дена, повеќе од милион бегалци доаѓаа преку Грција и ги ризикуваа животите само што побрзо да ја напуштат територијата на Македонија. Нашата држава беше само транзитна, попатна станица на нивниот пат кон Западна Европа, рече Стојаноски.

Според него, апсурдна е предлог одлуката за распишување на референдум за стратегијата за бегалци, која локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески ја наметнаа на седницата на Совет закажа за понеделник.

– Правото на граѓаните за организирање на референдум е неприкосновено, меѓутоа истото треба да се користи за прашања кои се клучни за граѓаните, а не за спас на Никола Груевски. Всушност ова е идентична стратегија како онаа која во 2009та ја гласаше владата на Груевски, меѓутоа тогаш ДПМНЕ беше на власт и немаше потреба да го заплашува населението со вакви измислени теми. Дури и да се одржат локалните референдуми, СДСМ ќе ги повика граѓаните да гласаат против наводните станови за нивно сместување, бидејќи тие се измислица на ДПМНЕ и такво нешто нема да се случи, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски