Репрезентативецот на Шпанија, Пау Гасол на денешниот натпревар против Унгарија постигна 20 поени и со тоа стана најдобар стрелец на Европските првенства.
Тој го мина Тони Паркер, кој досега беше рекордер со 1.104 поени. Гасол има вкупно 1.111 поени.
– Среќен сум што успеав да го постигнам овој резултат. Тоа значи дека сум имал „големи“ тренери. Наша цел е да го освоиме Евробаскетот, изјави Пау Гасол.
Гасол на 55 одиграни натпревари има просек од 20.4 поени, а Паркер во дресот на Франција има одиграно 68 натпревари со просек 16.2 поен. Новицки за Германија има одиграно 49 натпревари и постигнато 21.4 поени или вкупно 1.052 поена и се наоѓа на третото место на листата на стрелци.
Најдобар просек на Европските првенства има Никос Галис од Грција со постигнати вкупно 1.033 поени или просек од 31.2 поена на 33 натпревари.