Шпанското обвинителство ќе покрене обвиненија против каталонските пратеници

Од:

Шпанското државно обвинителство соопшти дека ќе покрене обвиненија против членовите на каталонскиот Парламент поради изгласување на закон за одржување на референдум за независност на 1. октомври, што шпанската Влада го смета за нелегален.

Државниот обвинител Хосе Мануел Маза, исто така најави дека неговата канцеларија ќе покрене обвиненија против членовите на Владата на Каталонија поради потпишувањето на законот.

Маза наведе дека од шпанските безбедносни сили побарал да ги истражат подготовките што каталонската Влада ги спроведува по повод одржувањето на референдумот.

– Шпанската Влада побара од Уставниот суд да го суспендира барањето на лидерите на Каталонија за спроведувањето на референдумот за независност на 1. октомври, изјави шпанскиот премиер Мариано Рахој.

Седницата на каталонскиот Парламент, каде беше усвоен законот за организирање на референдумот, Рахој ја оквалификува како „политичка перверзија“ на каталонската Влада.

– Референдумот е незаконски и претставува напад врз инстутуционалниот поредок на Шпанија и Каталонија, нагласи Рахој.

Тој исто така вети, дека референдумот нема да биде одржан.

Синоќа, каталонскиот Парламент го усвои законот со кој ги официјализира своите планови на 1. октомври во оваа автономна област да се организира референдум за независност.

Законот е усвоен со 72 гласа „за“ и 11 „воздржани“, а пратениците кои биле против отцепување на Каталонија ја напуштиле седницата пред гласањето.

Повеќето пратеници во регионалниот Парламент, во кој мнозинство имаат партиите кои се залагаат за отцепување од Шпанија, гласале за законот за референдум и за правната рамка која е неопходна за воспоставување независна држава.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата