Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по котлините и речните делови ќе има појава на магла.
Попладне почнувајќи од западните подрачја ќе има зголемување на облачноста и ќе има врнежи претежно од дожд, а во попладневните часови постепено врнежите на планините ќе поминуваат во снег.
Кон крајот на денот од север ќе се спушта постуден воздух проследен со умерен до засилен северен ветер и ќе придонесе врнежи од снег да има и на пониските места, особено во западните делови од земјава. Пообилни врнежи од снег се очекуваат особено во западните делови на земјава.
Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од три до 12 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 4 степени. Во ноќните часови ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер.