Францускиот фудбалер Килијан Мбапе кој од Монако премина во Пари Сен Жермен како позајмен играч, изјави дека права опција за него бил Арсенал.
Огромен интерес за екстра талентираниот напаѓач покажуваа Реал Мадрид и Манчестер Сити, но Мбапе откри дека ниту со еден од овие два клуба не разговарал, туку Арсенал бил најблиску до неговиот потпис.
– Се состанав со Арсен Венгер кој е одличен тренер и има голема репутација во Франција. Тој е признат по заслугите што ги има за развој на млади играчи. Арсенал беше вистинска опција за мене, но ПСЖ беше „поглавната“ На кантар ги ставив сите предности и мани и конечно одлучив да дојдам во Париз. Имав поддршка од семејството за што и да се одлучам, изјави Мбапе.
18-годишниот Французин во ПСЖ ќе настапува како позајмен играч, за клубот да го запази финансискиот фер-плеј, а од следната сезона би требало трансферот вреден 180 милиони евра да се официјализира. Во летниот преоден рок ПСЖ го ангажира и Нејмар за рекордни 222 милиони евра.