Бочварски: По локалните избори стартува гасификацијата на Штип

Од:

Потпретседателот на СДСМ Благој Бочварски на денешната прес-конференција најави дека по локалните избори во Штип ќе стартува гасификацијата, проект кој ќе донесе бенефит на домаќинствата, но и на стопанството.

– Нашите сограѓани ќе ја почувствуваат придобивката која значи 40 до 50 проценти, помали сметки за греење, а со тоа повеќе пари во семејниот буџет. Заштедите ќе ги почувствуваат сите. Индустријата, јавните и државните институции, домаќинствата. Новата локална власт на градот во првиот мандат ќе изгради 20 километри главни гасоводни линии. Оваа крупна капитална инвестиција која ќе ја реализираме за нашиот град и за нашите граѓани значи повеќекратен бенефит. Помали трошоци за граѓаните, помали трошоци за сите централни и локални институции, помали трошоци за фирмите, рече Бочварски.

Со гасификацијата, како што истакна, Штип ќе биде атрактивен за домашните и странски инвеститори, но и ќе се направат, како што вели, првите чекори за заштита на животната средина и здравјето на нашите сограѓани.

– Штип ќе започне да чекори во 21 век, гасот е реалност и ние ќе го донесеме до секој дом, вели Бочварски.

Посочи дека покрај укинување на радиодифузната такса, намалувањето на катастарските трошоци и враќањето на дневна евтина тарифа на струја, новата локална власт предводена од СДСМ ќе продолжи со мерки за враќање на парите кон граѓаните.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!