Во 13 градинки досега воведена втора смена, 20 работат и во саботите

Од:

Во 13 градинки е воведена втора смена, а 20 работат во саботите. Бројот ќе се зголемува како што ќе се овозможуваат услови и како што ќе се екипираат градинките, информира денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа нагласи дека секаде каде што има потреба градинките треба да воведат втора смена. – Родителите преговараат и затоа општините треба да излезат во пресрет на потребите на граѓаните и да не постапуваат спротивно на нивните интереси, а тоа гледаме дека се случува, рече Царовска во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното во ресорот во првите сто дена од формирањето на Владата.

Министерката Царовска истакна дека отпор има само кај градоначалници кои, како што рече, сакаат да манипулираат со јавноста пред локалните избори.

– Се видов со голем дел од директорките, имавме средба и јавно објавивме дека се подготвени и чувствуваат оти тоа е потреба на граѓаните и затоа ќе одговорат на оваа потреба, посочи министерката за труд и социјална политика.

Според Царовска, во градинките во државава моментно има потреба од над 2.300 вработувања. Тоа, смета таа, укажува на систематско уништување на детската заштита во изминатите 11 години.

Со Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за финансии на состанок е утврдено дека е потребно обесштетување или враќање на вработувањата во градинките во континуитет. – Сметаме дека наредната година ќе одиме со 10 отсто зголемување на вработувањата во градинките. Тоа ќе ни биде приоритетно за да можеме да одговориме на потребата, рече Царовска.

Таа појасни дека во градинките каде ќе се воведе втора смена ќе бидат потребни три до четири дополнителни вработувања за да биде одржлива и да се формира една група. Сега, наведе Царовска, општините можат без проблем да даваат согласности и наместо да трошат пари за некои референдуми можат слободно да вработат тројца-четворица како итни и неодложни вработувања.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска