Многу важна победа забележа Србија синоќа во Даблин на гостувањето кај Република Ирска во осмото квалификациско коло за Светското првенство 2018.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 55. минута кога Александар Коларов ја затресе мрежата на Ирците.
Домаќините од 68. минута играа со фудбалер повеќе, но не ја искористија бројната предност.
Во последните две кола на српските фудбалери им е потребна само една победа за сигурно учество на СП во Русија.
Резултати 8. коло група Д:
Австрија – Грузија 1:1,
Ирска – Србија 0:1 и
Молдавија – Велс 0:2.
Табела: Србија 18 бода, Велс 14, Република Ирска 13, Австрија 9, Грузија 5, Молдавија 2.