Обука за НВО за поголемо присуство во медиумите

Од:

„Стандарди за добро управување во јавната администрација“ е темата на дводневната обука која се одржува на Попова Шапка во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувувањето на вредностите на доброто управување”, финансиран од ЕУ, а спроведуван од Центарот за управување со промени (ЦУП), Агенцијата за менаџмент консалтинг МКА 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија.

Учесници на обуката, како што соопшти СКУП Македонија, се членови на невладини организации од полошкиот регион, кои добија грантови за следење на принципите на добро владеење на локалната власт.

– Идејата на проектот е да се помогне на невладините организации да разберат што значи јавна администрација, која е улогата на јавната администрација во развој на демократија во развој на добро управување и како тоа придонесува за добар живот на луѓето во државата, вели предавачот и експерт по јавна администрација, Влатко Данилов.

Невладините активисти треба да ја афирмирааат својата работа во пошироката јавност и на тој начин да влијаат во градење на свеста кај граѓаните за нивните активности, порачува експертот за односи со јавност Зоран Иванов.

– Во пракса невладините организации наидуваат на затворени медиуми, на редакции кои не се заинтересирани за нивните активности поради, како што и самите велат, доминантноста на дневната политика во сите сегменти на информативното новинарство, вели Иванов

Токму затоа целта на обуката е на активностите во невладините организации да им се предочат основните алатки на новинарската професија и на односите со јавноста и преку нив да се оспособат за позасилена интеракција со јавните медиуми, а со тоа и афирмација на нивните активности.

Обуката на Попова Шапка, на граѓанските организации од пелагонискиот регион е првата од седумте идентични обуки кои до средината на октомври ќе опфатат уште други шест региони во Република Македонија.

Целна група се млади и нови невладини организации кои изразиле желба и намера дека ќе се занимаваат со следење на јавна администрација.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество