По повод 20 години од основањето, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ААВМУ) денеска ќе одржи конференција со регулаторните тела за медиуми од Бугарија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија.
Целта на конференцијата е да се споделат искуствата и знаењата за повеќе теми, кои се актуелни не само во Македонија туку и во регионот, започнувајќи од плурализам на гледишта, преку професионални стандарди до медиумска писменост, информира ААВМУ.