Фудбалерите на Луксембург го направија најголемото изненадување во осмата рунда од квалификациите за СП 2018, откако синоќа во Тулуз успеаја да освојат бод против апсолутниот фаворит Франција играјќи нерешено 0:0.
Ова беше дуел од А групата, а го судеше најдобриот македонски арбитер Александар Ставрев.
Со овој „кикс“ Французите ја вратија неизвесноста во групата во борбата за првото место на табелата кое обезбедува директен пласман на Мундијалот во Русија.
Резултати на петте синоќешни средби од квалификации за СП 2018:
Група А: Франција – Луксембург 0:0.
Табела: Франција 17 бода, Шведска 16, Холандија 13, Бугарија 12, Луксембург 5, Белорусија 5.
Група Б: Унгарија – Португалија 0:1, Летонија – Швајцарија 0:3.
Табела: Швајцарија 24 бода, Португалија 21, Унгарија 10, Фарски Острови 8, Андора 4, Летонија 3.
Група Х: Гибралтар – Босна и Херцеговина 0:4, Грција – Белгија 1:2.
Табела: Белгија 22 бода, БиХ 14, Грција 13, Кипар 10, Естонија 8 и Гибралтар 0.