Во попладневните часови од Радовишко се прошири нестабилност кон Огражден и Плачковица. Процесите се силни и се проследени со чести грмежи, силен ветер и веројатно поројни врнежи од дожд, соопштија попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму информираат дека според правецот на движење овие врнежи и лошо време ќе се пренесат во Малешевијата каде што поради влијанието и на планините ќе бидат и засилени.
Во останатите делови од земјата уште има засилен ветер особено кон северот и променливо време со услови за појава на врнежи со посилен интензитет особено кон истокот.
