Со резултат од 3:0 репрезентацијата на Шпанија убедливо ја победи Италија синоќа во дерби дуелот во квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018 година во Русија.
На средбата одиграна во Мадрид, а во рамките од 7.коло на Г групата, два гола за Шпанија постигна Иско.
Во таа група, Македонија во Хаифа го победи Израел со 1:0 со голот на Горан Пандев, додека Албанија го порази Лихтенштајн со 2:0.
На табела води Шпанија со 19 бодови, три повеќе од Италија (16), по која следува Албанија со 12, Израел со 9, а Македонија сега има 6. Лихтенштајн е без освоен бод.
Средбите од 8. коло на програмата се веќе во вторник, а во нив ќе играат: Македонија – Албанија, Италија – Израел и Лихтенштајн – Шпанија. Сите натпревари ќе се играат во терминот од 20 часот и 45 минути.
Натпреварот од групата „И“ меѓу Хрватска и Косово беше прекинат во 25.минута, поради пороен дожд во Загреб, при што теренот на стадионот „Максимир“ беше преплавен со вода.
Во таа група, Финска го победи Исланд со 1:0 додека Украина со победата над Турција од 2:0, ја презеде лидерската позиција на табелата.
Комплетни резултати од средбите од 7.коло во мундијалските квалификации:
Д група: Србија – Молдавија 3-0, Грузија – Р. Ирска 1-1 и Велс – Австрија 1-0
Табела: Србија 15, Р.Ирска 13, Велс 11, Австрија 8, Грузија 4, Молдавија 2.
Г група: Албанија – Лихтенштајн 2-0, Шпанија – Италија 3-0 и Израел – Македонија 0-1.
Табела: Шпанија 19 бодови, Италија 16, Албанија 12, Израел 9, Македонија 6, Лихтенштајн 0.
И група: Финска – Исланд 1-0, Украина – Турција 2-0 и Хрватска – Косово прекината.
Табела: Украина 14, Хрватска 13 (еден натпревар помалку), Исланд 13, Турција 11, Финска 4, Косово 1 (-1).
Во рамките на осмото коло денеска ќе се играат девет натпревари.