Управниот одбор на Македонскиот ПЕН центар ги поддржува и се придружува кон протестите и барањето на Здружението на новинарите на Македонија за утврдување на конкретната одговорност за инцидентот и исфрлувањето на новинарите од Собранието на Република Македонија, укажувајќи дека со тоа е извршен груб атак врз слободата на изразувањето.
– Застанувајќи во одбрана на слободниот збор, Македонскиот ПЕН потсетува дека со овој чин и е нанесена дополнителна меѓународна компромитација на Македонија кога е во прашање медиумската слобода, област во која и досега не стоеше добро во оценките на релевентните меѓународни институции. Поради тоа, санкционирањето на извршителите и нивните наредбодавачи е минимумот кој го заслужуваат новинарите во Македонија, а и што власта во државата може и мора да го направи за никогаш да не се повтори тоа што се случи и да се гарантира медиумската слобода и слободата на изразувањето воопшто, стои во реакцијата на Македонскиот ПЕН центар.