ВМРО-ДПМНЕ: Да купиш 500 кг лешници, а да кратиш од нова опрема за војската е надвор од здравиот разум

Од:

„Да купиш 500 килограми лешници, а да кратиш од набавките на нова опрема за војската е забеганост надвор од здравиот разум.

Да купиш морски плодови во вредност од 6500 eвρа, а да немаш пари и да го укинеш најавеното покачување на пензиите е надвор од здравиот разум.

Да си купиш цвеќе за 5000 евра со пари на граѓаните, а да паѓа просечната плата е надвор од здρав ρазум.

Да плаќаш српски советници по 20.000 евра месечно, а да паѓа индустриското производство е надвор од здравиот разум.

Владата на Социјалдемократскиот сојуз расипнички се однесува и не запира со неодговорното трошење со парите на граѓаните на Република Македонија.

Расипничката владата на СДС и Заев потроши верувале или не, ни помалку ни повеќе туку точно 32 милиони евра пари на граѓаните, само за партизирање, луксузирање и хедонизам.

Да почитувани граѓани, Владата на СДС и Заев потρоши точно 32 милиони евра ваши пари. И сето тоа под ставката стоки и услуги, само за мебел и инвентар за опремување на кабинетите, договорни услуги за незаконски вработувања на партиските послушници и матни ликови.

Парите кои СДС ги троши за непродуктивни работи, можеше да ги обезбеди за студентските стипендии. Или поточно, ако се земат предвид дека една студентски стипендија изнесува 700 евра годишно, Заев со потрошените 32 милиони евра можеше на годишно ниво да исплатат дури 45.714 студентски стипендии. Но, очигледно е дека СДС и Заев не ги интересираат студентите, ниту ништо друго освен сопствено богатење.

До пред некој месец Едно зборуваа а сега друго прават.

Граѓаните очекуваа од Заев и неговата влада плата од 500 евра, како што тој долго најавуваше. Но, граѓаните директно се се излажани, изманипулирани и искористени, наместо исполнување на ветеното, граѓаните останаа со празни раце и се само поради безобразното и непрофесионалното владеење на СДС и Заев.

Граѓаните на свој грб ја осетија неспособноста на Владата на СДС и Заев.

Затоа граѓаните на локалните избори кои ќе се одржат на 15-ти октомври ќе го казнат СДС и Заев со тоа што ќе го пратат во заборав. Многу брзо граѓаните ќе го решат ова расипничко владеење на неспособниот СДС и Заев“, изјави Филип Ѓеоргиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани