Аџилакот во Мека продолжува под зајакнати безбедносни мерки

Од:

Под зајакнатии безбедносни мерки во Саудиска Арабија аџиите денеска го почнаа тридневниот ритуал за фрлање камења по ѓаволот, јави ДПА.

Во пустината Мина, на околу седум километри североисточно од Мека, распоредени се огромен број припадници на силите за безбедност, кои треба да превенираат судири и да го одржуваат редот и мирот за време на ритуалот.

Во 2015 година, околу 700 аџии загинаа од задушување и стампеда за време на изведувањето на овој ритуал, по што ескалираа тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран. Техеран лани побара од Саудиска Арабија да и се одземе управувањето со главните исламски светилишта Мека и Медина, бидејќи „заминувањето на аџилак го претвориле во туристичко патување“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 550 аџии починаа за време на аџилак во Мека поради топлотен удар

Горан Наумовски

Саудиска Арабија ќе организира аџилак во Мека оваа година

ВИДЕО: Започна чествувањето на Рамазан во Мека, во затворен простор се примаат само вакцинираните и имуните верници

Жарко Настоски

На мал аџилак во Мека ќе можат да одат само вакцинирани или со стекнат имунитет од Ковид-19

Жарко Настоски

ВИДЕО: Муслиманите на аџилак во Мека со почитување на заштитните мерки

Жарко Настоски

Аџилакот во Мека почна со ограничен број верници

Ана Ололовска