Средба на Заев со европратеници Вајгл, Кукан и Флекенштајн

Од:

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со пратениците од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.

На средбата, како што соопштуваат од СДСМ, е разговарано за актуелната политичка состојба во Република Македонија во пресрет на локалните избори, спроведувањето на зацртаниот реформски процес како и за надворешната политика и евроатлантските процеси.

Заев ги информираше европратениците дека спроведувањето на Реформскиот план 3-6-9 е инклузивен процес што се одвива со засилено темпо и дека во неговата реализација целосно се вклучени сите министерства.

Во поглед на меѓународната политика, Заев потенцираше дека изминатиот период е особено позитивен во поглед на меѓународната политика и унапредувањето на односите на Република Македонија и соседите.

– Преку Договорот за добрососедство со Република Бугарија и со соработката со сите останати соседи, докажавме дека можеме сами да ги решаваме отворените прашања во заемна корист, без при тоа да чекаме помош од посредници во процесот на договарање, посочи Заев.

Во пресрет на локалните избори, Заев истакна дека очекува победа на СДСМ и коалицијата на фер и кредибилни локални избори чии што исход во голема мера ќе го одреди правецот во кој во иднина ќе се движи Република Македонија.

– Верувам дека по парламентарните избори и локалните избори ќе ја докажат потребата од мултиетничкиот карактер на партиите. Локалните избори на кои очекуваме победа, ќе ги докажат придобивките од концептот на едно општество во кое силно веруваме, истакнува Заев.

На средбата, заеднички е заклучено дека се уште има простор за поголем напредок во соработката помеѓу Република Македонија и ЕУ, а се со цел продолжување на евроинтегративниот процес, што би се заокружил со полноправно членство на Македонија во ЕУ, што е врвен државен и национален интерес.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?