САД испраќаат нови трупи во Авганистан

Од:

Пентагон донесе одлука за испраќање дополнителни трупи во Авганистан, изјави американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, десет дена откако претседателот на САД, Доналд Трамп најави засилување на американските воени сили во борбата против талибанците.

– Да, потпишавме налог за распоредување дополнителни сили, одговори Матис на новинарско прашање, без да прецизира колку нови војници ќе бидат испратени.

Според неговото образложение, целта на тоа засилување е да им се помогне на авганистанските безбедносни сили за поефикасна борба против екстремистите.

Според неофицијални извори, САД во Авганистан ќе испратат околу 3.900 војници.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти