Глобочичкото Езеро порибено со четири илјади единки охридска пастрмка

Од:

Вештачката акумулација Глобочичко Езеро денеска беше порибена со четири илјади единки здрав подмладок охридска пастрмка.

Порибувањето го изврши Здружението на рекреативни риболовци и екологисти „Црн Дрим“ од Лабуништа кое стопанисува со оваа рекреативна зона.

Според Државниот инспектор за рибарство и аквакултура Јован Бојчовски, акцијата е дел од годишната програма на здружението и се спроведува согласно Договорот за концесионирање.

– Се работи за здрав подмладок охридска пастрмка кој е на возраст од околу 10 месеци и со просечна тежина од по шест грама. Младите риби во текот на изминатиот период беа одгледувани и прихранувани во инталациите на Хидробиолошкиот институт во Охрид, вели Бојчовски.

Надзор врз денешното порибување извршија претставници на Државниот инспекторат за земјоделство како и на Хидробиолошкиот институт.

Би можело да ве интересира

Русија ќе и забрани риболов на Британија во Баренцовото Море

ЕУ и Велика Британија се договорија за квоти за улов во заедничките рибни фондови во 2022 година

А1он

Проблемите во риболовот во последен момент го одложија договорот меѓу Лондон и ЕУ

Природата во Европа во „значително оштетена состојба,“ предупредува Брисел

Жарко Настоски

Во Делчево одржан меморијалниот натпревар во спортски риболов „Сандански 2020″

Ана Ололовска

Акумулацијата Стрежево порибена со 6.000 единки крап и пастрмка

Ана Ололовска