Француската фудбалска репрезентација забележа убедлив триумф со 4:0 против Холандија синоќа во Париз во дерби натпреварот на вечерта од квалификациите за Светското првенство 2018.
Катастрофата на Холандија ја најави Гризман во 14. минута, Лемар постигна два гола во второто полувреме, а победата ја запечати Мбапе во судиското надополнување.
Во групата А минимални победа остварија и другите домаќини во 7. коло, Луксембург со 1:0 над Белорусија и Бугарија со 3:2 над Шведска.
Табела А-група: Франција 16 бода, Шведска 13, Бугарија 12, Холандија 10, Белорусија 5, Луксембург 4.
Б-група: Швајцарја – Андора 3:0, Португалија – Фарски Острови 5:1 и Унгарија – Летонија 3:1.
Табела: Швајцарија 21 бод, Португалија 18, Унгарија 10, Фарски Острови 5, Андора 4, Летонија 3.
Х-група: Кипар – Босна и Херцеговина 3:2, Грција – Естонија 0:0 и Белгија – Гибралтар 9:0.
Табела: Белгија 19 бода, Грција 13, Босна и Херцеговина 11, Кипар 10, Естонија 5, Гибралтар 0.