Земјотрес со интензитет со 6,2 степена според Рихтерова скала ја погоди денеска морската област покрај брегот на западниот дел од Индонезија, соопштија американски сеизмолози.
Засега нема нови информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту опасност од цунами.
Земјотресот го погоди островот Ментаваи во провинцијата Западна Суматра, на околу 75 километри југозападно од главниот град на провинцијата Паданга, соопшти Американскиот геолошки завод.
Епицентарот на потресот е регистриран на длабочина од 49 киломтери под површината на земјата.