СДСМ: Граѓаните знаат дека становите за мигранти постојат само во пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Анета Стојановска Стефанова од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ очајнички продолжува да шири лажни вести за наводни населувања и вработувања мигранти, тема што постои единствено во пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и Стефанова залудно се обидуваат преку лажни вести да го прикријат лошото и криминално работење на градоначлниците од нивните редови. Сто пати повторената лага од ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да стане вистина, исто како што нема да станат вистина бегалските кампови и станови за мигранти со кои ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да внесе вознемиреност кај граѓаните.

Граѓаните ги препознаваат и се исмеваат со лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Никој повеќе не верува во нивните лаги додека на виделина излегуваат криминалите на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, на неговиот братучед Сашо Мијалков и на дел од градоначалниците и поранешни министри од ВМРО-ДПМНЕ кои тргнале по нивните криминални стапки“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Мисердовска: СДС и Венко Филипче на Чучер Сандево, гледаат како на свој партиски бунар за црпење пари, затоа и како свој кандидат за градоначалник повторно го предлагаат Сашко Комненовиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев

А1он