УПОЗ: Судскиот совет донесе одлука спротивна на владината за флексибилното работно време

Од:

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) реагира на одлуката на Судскиот совет која, како што посочува, е донесена вчера и е спротивна на владината одлука за флексибилно работно време.

Од УПОЗ истакнуваат дека ваквата одлука на Судскиот совет е донесена без разговори и консултации со Синдикатот.

– На Судскиот совет изгледа не му било доволно што донел Одлука спротивна од одлуката на Владата на Р. Македонија, па од таму телефонски се јавувале до претседателите и администраторите во судовите во Р. Македонија, со усни упатства одлуката стриктно да биде почитувана и да се изрекуваат казни за секое доцнење бидејќи ваквото работно време било на барање на Синдикатот на УПОЗ и работниците, наведува УПОЗ во денешното соопштение.

Поради ова, Синдикатот на УПОЗ бара од Министерството за информатичко општество и администрација итно да објави упатство за начинот на спроведување на владината одлука за примена на флексибилно работно време. Во спротивно, велат од УПОЗ, веднаш ќе биде известена Трудовата инспекција со барање да се санкционираат работодавачите кои нема да ја почитуваат одлуката.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Синдикатот на УПОЗ и даде поддршка на ранетата службеничка од прилепскиот Центар за социјални работи

Деаноски: Владата сама одлучи да си донесе износ на минималната плата од 1.800 денари

Горан Наумовски

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби