Досегашниот играч на Лацио, Кеита Балде потпиша нов договор со Монако со важност до 2022 година, соопшти францускиот шампион.
Според информациите објавени во италијанските медиуми, трансферот изнесува 30 милиони евра, плус два милиони бонус.
Сенегалецот во Лацио пристигна во 2013 година од младинската школа на Барселона.
Кеита минатата сезона одигра 31 натпревар и постигна 16 голови.