Универзитетски професори вклучени во консултациите за Програмата за економски реформи 2018-2020

Од:

За поголема вклученост на академската јавност во подготовката на стратешки документи, каква што е Програмата за економски развој, денеска во Министерството за финансии беше организиран консултативен состанок помеѓу министри од Владата на РМ и универзитетски професори.

Покрај министерот за финансии Драган Тевдовски, на состанокот присуствуваа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министрите за образование и наука, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за информатичко општество и администрација, Рената Тренеска Десковска, Мила Царовска, Љупчо Николовски и Дамјан Манчевски, како и универзитетски професори, претставници од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Универзитетот на Југоисточна Европа, „Американ колеџ“ и ФОН.

– Од двете страни беше изразено задоволство и истакната потребата од вклучување на академската фела во носењето на стратешки документи кои играат значајна улога во евроинтегративните процеси на земјата, соопшти Министерството за финансии.

По повод Програмата на економски реформи, Министерството за финансии планира да одржи консултации и со други целни групи кои ќе придонесат во нејзина изработка.

Во 2015 година Европската комисија ги покани земјите од Западен Балкан преку подготовка на годишни Програми на економски реформи да ги подобрат економските политики и економското управување. Програмата на економски реформи за периодот 2018 – 2020 година е четврт ваков документ кој се изработува согласно насоките на Европската комисија. Програмата ја прикажува среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и секторските структурни реформи за промовирање на конкурентноста и растот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација