Влада: ДИК го добива на трајно користење деловниот простор во кој е сместена

Од:

На денешната седница Владата донесе одлука со која и го дава на трајно користење без надоместок деловниот простор во кој сега е сместена Државната изборна комисија.

Во соопштението од Владата се наведува дека примопредавањето на деловниот простор ќе се изврши меѓу Министерството за финансии и Државната изборна комисија во рок од осум дена од денот на влегување во сила на оваа одлука.

– Оваа одлука на Владата е во согласност со акциите од Планот 3-6-9, според кои е предвидено создавање подобри услови за непречено и функционално работење на Државната изборна комисија, се појаснува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски