Конор Мекгрегот иако ја загуби борбата против Флојд Мејведер сепак добро заработи од промоцијата на истата и според британските медиумите ќе излезе пред фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо на листата на најплатени спортисти на Форбс.
Ирецот од борбата заработил околу 77 милиони фунти, несметајќи ги спонзорските договори, додека Роналдо заработува околу 71 милион.
Тие двајца минатата година се сретнаа кога Роналдо го посети борцеот за време на тренинг и тогаш Мекгрегор предвиде дека во оваа година ќе го престгне Португалецот на листата на најплатени спортисти.
– Ти си прв на листата на Форбс, јас сум 35. или нешто слично, но ќе се кренам, следната година ќе те престигнам, изјави Мекгрегор на што Роналдо во шала одговори дека не верува во тоа.
Сепак Мекгрегор нема да биде спортисот со најголеми примања оваа година, бидејќи Мејведер кој што го победи ирецот во борбата заработил околу 233 милиони фунти.