Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски попладнево постигна победа во меч во игра на двојки на фјучрсот на Златибор. Тој заедно со Милош Николиќ од Србија во 1. коло ги победија Рајко Младеновиќ и Стефан Паниќ од Србија.
Во следната рунда ривали ќе им бидат третите носители Чесите Вит Коприва и Јарослав Поспишил.
Јотовски, кој во сингл е осми носител, утре ќе игра против Карло Карли од Италија.
Денеска настап на фјучрсот во Дунакежи, Унгарија имаше и Лина Ѓорческа. Но, таа поради повреда го предаде мечот од првото коло на Катарина Заватска од Украина во првиот сет при резултат 4:1 во гемови за противничката.