Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо го навлече на себе гневот на навивачите на Ливерпул, бидејќи од почетокот на новата сезона се уште нема ниту еден настап за клубот со образложение дека е повреден, а за претстојниот дуел на неговата репрезентација е пријавен во составот и подготвен да игра.
По информацијата дека тој се наоѓа во Бразил и е закрепнат од наводната повреда, станува јасно дека Кутињо намерно тактизирал и не играл за Ливерпул очекувајќи го најавениот трансфер во Барселона.
Во шпанските и во англиските медиуми се појавија различни информации, од типот дека веќе е договорена сумата за трансферот на Кутињо на „Камп Ноу“, но има и такви во кои се вели дека Барселона се уште не испратила понуда прифатлива за Ливерпул.
Останува да се почека крајот на летниот преоден рок по што ќе се знае каде Кутињо ќе ја продолжи својата кариера.