Локализиран пожарот кај селото Јеловјане, општина Боговиње

Од:

Пожарот кај селото Јеловјане, општина Боговиње целосно е локализиран денеска околу 13 часот и 30 минути. Во гасењето учествувале два авиона што неколкупати го надлетувале местото зафатено од пожар, едно противпожарно возило на Тетовската територијална противпожарна единица и жители на селото, информираа од Центарот за управување со кризи.

Пожарот избувнал повторно денеска околу 10 часот, по што жителите ги алармирале неадлежните бидејќи од првично зафатените од 300 до 500 метри квадратни сува трева и нискостеблета шума, тој се проширил на околу десет хектари.

Од ЦУК-Тетово информираат дека пожарот кај Јеловјане избувнал вчера во месноста викна Присој на околу триста метри воздушна линија од селото и зафатил околу 1000 метри квадратни со трева и нискостеблеста вегетација, по што уште вчера бил локализиран и изгаснат. Денеска поради временските прилики, суво и топло време проследено со силен ветер тој повторно се активирал.

Според информациите од надлежните, во текот на вчерашниот ден во Тетовско биле забележани уште два поголеми пожари. Едниот кај Теарце, кога биле зафатени околу 15 хектари трева и ниска вегетација, додека кај селото Доброште, иако била зафатена помала површина од околу 5 хектари, во пожарот изгореле две бандери за електрична енергија и кабел од Македонски телеком.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против градоначалникот на Боговиње – изградил водовод без одобрение за градба

А1он

Општина Боговиње доби 30 таблет-компјутери за ученици кои немаат уреди за онлајн настава

Ана Ололовска

Река: Имавме заробена држава, ние сме за слобода на гласачот

Татјана Ташкова

Митинг на Беса во Боговиње под мото „За еден нов живот“

Наум Локоски

ДУИ ги претстави приоритетните проекти за развој на Боговиње

Наум Локоски

Кандидатите на ДУИ за градоначалници на Боговиње и Врапчиште ги претставија своите програми

Наум Локоски