Заев: Кандидатите за градоначалници ќе се бираат по терк на граѓаните креиран од анкетите

Од:

Владејачката партија во пресрет на локалните избори ќе ги бира кандидатите за градоначалници и советници по терк на граѓаните креиран од анкетите кои се во тек, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за време на посетата на Берово.

– Општините во севкупниот живот на граѓаните се сериозен фактор со влијание во секојдневниот живот па, во пресрет на локалните избори, како што додаде, владејачката партија ќе ги бира кандидатите за претстојните локални избори по терк на граѓаните креиран од анкетите кои се во тек, рече Заев и додаде дека оваа изјава ја дава во една победничка општина.

Истакна дека почнале да пристигнуваат резултатите кои ќе им бидат водилка.

– Изборните органите на партијата се веќе формирани, а овие денови ќе почнеме да ги носиме одлуките и за кандидатите за градоначалници и советници и среќен сум што има многу кандидати кои претендираат за овие функции во СДСМ што не беше порано така. Но, оние кандидати кои имаат најголема поддршка ќе ја добијат нашата доверба, бидејќи ветивме долг период да бидеме сервис на граѓаните. Анкетите покажуваат дека партиите се од секундарно значење, важни се кандидате и програмите, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека очекува регуларни кредибилни избори, фер и демократски, при што граѓаните ќе ги изберат првите луѓе на општината и советниците.

– Општините се серизен фактор на влијание во секојдневниот живот на граѓаните, под нив се училиштата, градинките, комуналните претпријатија, допираат во секоја сфера од животот и семејството. Затоа да бидеме паметни, да кандидираме добри кандидати за градоначалници кои се по мерка на граѓаните, истакна Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

СДСМ: Пеколот во „Пулс“ го откри вистинската лице на власта – правда нема, виновниците заштитени

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

СДСМ: Економијата е пред колапс, доцнат плати, дали Буџетот е празен

Катерина Ѓуровски

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив