Шест лица се повредени денеска откако складиште за оружје, во воена база во Азербејџан, беше зафатено од пожар, по што следуваа неколку експлозии, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.
Портпаролката на министерството за здравство потврди дека шест лица се повредени, но не прецизираше дали станува збор за војници или цивили.
Евакуирани се жителите на двете села, Дилези и Шиталчаи, кои се наоѓаат во близина на инцидентот, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.
Властите соопштија дека пожарникарските и амбулантни возила не можеле да пријдат поблиску поради експлозиите, кои се нижеле една по друга.
Локалните медиуми информираат и дека поради инцидентот, затворен е автопатот кој престолнината Баку ја поврзува со Русија.