Вториот по значење човек во Ватикан изјави дека видеото на Исламска држава, во кое му се закануваат на папата, е алармантно, но истакна дека обезбедувањето на Ватикан веќе е на високо ниво.
Државниот секретар кардиналот Пјетро Паролин изјави дека го гледал видеото во кое папата е наведен како цел. Неодамна, во друга снимка во кодираната мрежа за пораки „Телеграм“ беше спомната Италија како следна цел на исламистички напад.
Човек очигледно не може да да не се загрижи, пред се од бесмислената омраза, рече Паролин, но прецизира дека Ватикан нема додадено нови мерки кон веќе постоечките високи мерки на безбедност.