Седумгодишно дете од Битола вчера здобило тешки телесни повреди откако, возејќи велосипед, изгубило контрола и се излизгало на земјена површина, соопшти полицијата.
Настанот се случил во 18:40 часот на улицата „Довлеџик“.
Детето е пренесено и задржано на лекување во КАРИЛ – Битола, а увид изврши екипа на СВР.
Сњ работи на целосно расчистување на случајот.