По повод верскиот празник „Успение на Пресвета Богородица“ чие духовно чествување, според најавата на МПЦ-ОА ќе се одржи во село Долна Матка, во манастирот „Пресвета Богородица“, СВР Скопје утре и задутре ќе воведе посебен сообраќаен режим во реонот кон манастирскиот комплекс.
Сообраќајниот режим ќе биде од 16 до 20 часот на локалниот пат село Сарај – ХЕЦ „Матка“ кон манастирскиот комплекс.