Јужнокорејската новинска агенција Јонхап воведе систем за автоматска изработка на спортски весник на англиски јазик за време на фудбалските натпревари од Премиер Лига.
Станува збор за „робот“ (Soccerbot Software) што го имитира начинот на кој пишуваат новинарите.
За време на траењето на сезоната на Премиер Лига 2016-2017 година, наведува Јонхап, „роботот“ успешно напишал вкупно 380 автоматски експериментални вести, секоја во рамки од една или две секунди по завршувањето на натпреварот.
Агенцијата Јонхап наведува дека ќе развие и друга програма за покривање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, што ќе се одржат во јануари следната година.