ВИДЕО: Македонија со висока стапка на доходовна нееднаквост меѓу граѓаните

Од:

Во Македонија има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните по основ на доход и постои тенденција на нејзин раст, покажува анализата за доходовна нееднаквост што денеска првпат ја објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи.

Податоците од анализата што беа објавени на денешната прес-конференција во Министерството за финансии покажуваат дека постои голема разлика во месечниот доход, односно ако во 2016 година просечниот личен доход изнесувал 302 евра месечно, најбогатите 1 процент во Македонија имале просечниот доход од околу 4.200 евра месечно, а можете да ги погледнете тука.

– Педесет проценти од луѓето во Македонија што остваруваат доход имаат доход што е под 212 евра месечно, 70 проценти имаат доход што е под 297 евра месечно, 90 проценти имаат доход што е под 495 евра месечно, а од друга страна 2 проценти од луѓето имаат доход што е над 1.044 евра, а еден процент од луѓето имаат доход што е над 1.523 евра, истакна Бранимир Јовановиќ, советник во кабинетот на министерот за финансии.

Тој посочи дека највисокиот доход што е остварен во 2016 година изнесувал 2,6 милиони евра, а 15 лица оствариле доход над еден милион евра. Доход над 500 илјади евра минатата година имале 66 лица, над 200 илјади лица доход оствариле 283 лица, а 775 лица имале доход од над 100 илјади евра.

За високата доходовна нееднаквост укажува и податокот дека 775-те лица кои имале над 100 илјади евра доход заедно оствариле доход од 190 милиони евра што е еднакво на вкупниот остварен доход на 210 илјади лица кои имале најниски приходи.

Според Јовановиќ, податоците укажуваат дека се потребни суштински промени во одредени економски политики пред се зголемување на минималната плата и донесување на законот за стечајни работници, како и менување на даночната политика.

– Неопходна е даночна реформа со која трендот на намалување на даночниот товар кај набогатите ќе се смени во спротивна насока, односно да има раст, како што е тоа во сите развиени земји, рече Јовановиќ.

Направената анализа според министерот за финансии Драган Тевдовски е особено важна бидејќи од една страна без веродостојни податоци не може да се креираат нови економски и социјални политики, а од друга страна се создава притисок да се работи на намалување на неедаквоста на доход.

Тој најави дека се подготвува даночна реформа и оти првите предлози се очекуваат до крајот на годината.

– Подготвуваме даночна реформа, а за нејзиниот успех е важно да бидат согледани сите важни прашања и да биде опфатен и институциналниот капацитет бидејќи тоа е сериозно прашање. До крајот на годинава ќе излеземе со нашите предлози за даночна реформа, истакна министерот Тевдовски.

Со анализата се опфатени околу 90 проценти од граѓаните кои оставруваат доход или 940 илјади лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација